close
Премиера
 

Најдобра селекција на сите жанрови – од филмските експерти за филмските љубители.

Синемакс (Cinemax) и Синемакс 2 (Cinemax 2), на фановите и љубителите на светот на филмот, им нудат најдобар избор од сите жанрови - од хит филмови и познати актери, до наградувани остварувања од сите делови на светот.

Секој Cinemax канал нуди сопствена, карактеристична програма која се емитува 24 часа на ден, 7 дена во неделата без реклами и прекини.

Cinemax

Синемакс, „меинстрим“ каналот, нуди американски и светски наслови, оригинални Cinemax серии и нови американски серии, динамични драми и комедии, како и акциони, авантуристички, крими, хорор, фантазија и научно-фантастични содржини.

Секој ден во неделата е посветен на одреден тип на содржина. Во недела на распоредот се главните филмски премиери. Сабота ја донесува оригиналната Cinemax продукција и нови серии. Петокот е посветен на селекција на култни остварувања и хорор филмови, додека во среда фокусот е на драми и трилери.

Cinemax 2

Синемакс 2, уметничкиот канал, нуди голем избор на одлични филмски наслови од европските и меѓународните независни студија. Меѓу нив се наградувани филмови, фестивалски фаворити, критички признати филмови и култни серии од целиот свет. Емотивни и инспиративни драми и романтични филмови со елаборирани детали, фокусирани на човечки приказни, ликови и односи.

Секој ден во неделата е посветен на одреден тип на содржина. Во саботите се прикажува главната неделна премиера. Неделите се посветени на интернационални филмови и светската кинематографија. Во понеделниците на распоред се култни филмови и класици на денешнината. Четврток е посветен на наградувани серии.

 

Како да станете претплатник?

Ако сакате да дознаете повеќе како да станете претплатник и да уживате во најдобрата селекција на сите жанрови, посетете ја интернет страницата на вашиот оператор и проверете ги условите. Во случај да немате оператор,  може да ги погледнете понудите на големите оператори за да го најдете најдоброто според вашите потреби.

Имајте на ум дека, во случај да не најдете оператор во вашиот град,  тоа не значи дека сервисот не е достапен за вас. Ви советуваме да ги побарате операторите во најблискиот град или да нè контактирате директно.
 
Ќе ни биде задоволство да ве забавуваме!

На „HBO“ можете да се претплатите кај следните оператори:

MaxTV
Веб-страница: http://www.maxtv.mk
Е-пошта: 122@telekom.mk
Телефон: 122

Канали:
HBO, HBO HD, HBO2, HBO2 HD, HBO3, HBO3 HD, Cinemax, Cinemax HD, Cinemax2, Cinemax2 HD, HBO OD, HBO GO

Претплатете се
Total TV
Веб-страница: http://www.totaltv.tv
Телефон: 02 30 63 000

Канали:
HBO HD, HBO2 HD, HBO3 HD

Претплатете се
Telenet Kom
Веб-страница: http://www.telenet.com.mk
Е-пошта: info@telenet.com.mk
Телефон: 044 520 999

Канали:
HBO, HBO2

Претплатете се
Multimedia Network
Веб-страница: http://www.multimedia.net.mk
Е-пошта: info@multimedia.net.mk
Телефон: 042 215 119

Канали:
HBO, HBO2

Претплатете се
VIP
Веб-страница: http://www.vip.mk/
Е-пошта: info@onevip.mk
Телефон: 077 1234

Канали:
HBO, HBO HD, HBO2, HBO2 HD, HBO3, HBO3 HD, HBO GO

Претплатете се
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ