close
Премиера
 
Cinemax и Cinemax 2: Најдобар избор од сите жанрови – филмските експерти одбираат за филмофилите

Синемакс (Cinemax) и Синемакс 2 (Cinemax 2), на фановите и љубителите на светот на филмот, им нудат најдобар избор од сите жанрови - од хит филмови и познати актери, до наградувани остварувања од сите делови на светот.

Секој Cinemax канал нуди сопствена, карактеристична програма која се емитува 24 часа на ден, 7 дена во неделата без реклами и прекини.

Синемакс, „меинстрим“ каналот, нуди американски и светски наслови, оригинални Cinemax серии и нови американски серии, динамични драми и комедии и акциони, авантуристички, крими, хорор, фантазија и научно-фантастични содржини.

Секој ден во неделата е посветен на одреден тип на содржина. Во недела на распоредот се главните филмски премиери. Сабота ја донесува оригиналната Cinemax продукција и нови серии. Петокот е посветен на селекција на култни остварувања и хорор филмови, додека во среда фокусот е на драми и трилери.
 

Синемакс 2, уметничкиот канал, нуди голем избор на одлични филмски наслови од европските и меѓународните независни студија. Меѓу нив се наградувани филмови, фестивалски фаворити, критички признати филмови и култни серии од целиот свет. Емотивни и инспиративни драми и романтични филмови со елаборирани детали, фокусирани на човечки приказни, ликови и односи.

Секој ден во неделата е посветен на одреден тип на содржина. Во саботите се прикажува главната неделна премиера. Неделите се посветени на интернационални филмови и светската кинематографија. Во понеделниците на распоред се култни филмови и класици на денешнината. Четврток е посветен на наградувани серии.

Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ